Едукација

Идриз Дурмиш: Никогаш не се откажувајте и следете го својот сон,колку патот е потежок и полн со препреки, успехот ќе биде уште поголем

Идриз Дурмиш е студент од Скопје, Ром кој студира молекуларна биологија на Природно математичкиот факултет, има просек 9,8 и сонува да му помогне на човештвото во битката со ракот, една од најсмртоносните болести на современиот свет.
Во своето интервју за Рома Тајмс ги сподели своите видувања.

Рома Тајмс: Кога се роди љубовта кон молекуларната биологија?

Идриз Дурмиш: Природата и живите организми ме интересираа уште од мала возраст. Ме интересираше како и од каде доаѓаат живите организми, од што се изградени и слично. Во биологијата се заљубив уште во петто одделение, додека во средно училиште ме заинтригира молекуларната биологија. Молекуларната биологија е релативно нова биолошка гранка која ги проучува биолошките процеси на молекуларно ниво. Најмногу се задржува на природата на DNA молекулата т.е. како и на кој начин оваа молекула ги носи и ги интерпретира информациите. Новите гранки на генетиката, како што е генетскиот инженеринг на пример, настојуваат да ја променат "oригиналната" DNA секвенца со цел да се отстранат одредени недостатоци (болести, одредени карактеристики на земјоделски култури, производство на лекови и слично).

РТ.:Како си прифатен и како на твоите капацитети  гледаат не- Ромите?

ИД: Искрено, на почетокот премногу се плашев како ќе бидам прифатен на факултет и од професорите и од студентите. Меѓутоа, еве после 4-5 години, можам слободно да кажам дека ПМФ е факултет каде што се цени трудот, знаењето и научната љубопитност, додека националната, верската и расната припадност воопшто не се важни.

РТ:Колку имаш слободно време и на кој начин го исполнуваш?

ИД; Додека имав предавања (веќе со предавања и вежби завршив кон почеток на јуни), немав премногу слободно време затоа што цел ден бев на факултет. Имаме и теоретски предавања и лабораториски вежби. Но, сепак успевав преку викенди да излезам со друштво, да се социјализирам и да уживам како секој млад човек. Од друга страна, обожавам филмови и книги, па често по цел ден учење одмарам со добар филм, а книгите ги оставам за меѓу сесии. Имам уште 3 испити, па ќе дипломирам и ќе имам повеќе време за читање на книги од различни жанрови.

РТ:Имаш ли идол и од која област?

ИД: Имам повеќе идоли. Од областа на физиката и астрономијата омилени ми се Стивен Хокинг, Нил деГрас  Тајсон и Мичио Каку. Хокинг е познат по неговата теорија за т.н. Хокингова радијација која излегува од црните дупки, Нил Тајсон е одличен научник кој на прекрасен начин ја промовира науката и ја доближува до публиката, додека Каку е еден од основоположниците на стринг теоријата (теорија на струни). Од биолозите морам да ги спомнам Чарлс Дарвин кој во време кога не се знаело што е DNA, ниту пак генетика, Дарвин ја образложил извонредната теорија на еволуција, и Ричард Докинс, познат еволуционист кој се придружува исклучиво на рационалната мисла.

РТ:Порака за твоите врсници и идни генерации
 
ИД: На сите мои врсници и идни генерации ќе им препорачам да го студираат она што тие го сакаат, она што ги интересира и она што ги прави комплетни. Ќе им препорачам, исто така, никогаш да не се откажуваат и да го следат својот сон и да запомнат дека колку патот е потежок и полн со препреки, успехот ќе биде уште поголем.

Мартин Калеја - Од ромска населба во Словачка до чешкиот академски свет

Др.спец. Мартин Калеја постепено се стекнал со своето професионално искуство како едукатор и истражувач на Универзитеото Масарик во Брно (Чешка), Универзитетот Остава (Чешка), Универзитетот Комениус во Братислава (Словачка)и Шелскиот универзитет во Опава (Чешка), каде во моментот е поддекан на Факултетот за јавни политики и вонреден професор во Центарот за емпирско истражување.

Исто така е член на Одборот во Владата на Чешка за ромските прашања , претседавач е на комисијата за образование.

Инаку калеја детството и дел од своите тинејџерски години ги мина во ромската населба во близина на Прешов на истокот на Словачка и уште тогаш имаже желба да биде наставник.

За време на неговото образование и кариера Калеја се соочи со предрасуди уште во основоното училиште.

Калеја верува дека се е поголем бројот на Роми завршуваат високо образование во овој дел на светот и дека не преставува како драматичен скок од ден за ден, туку преставува интензивен процес.

Со осврт на живот денес и неговата перспектива е : „ И после се и денес кога некој скинхедс че влезе во трамвај и бара некоја одредена личност, он ќе ја најде. На таква личност тешко може да им се објасни дека сум вонреден професор кој предава во некое училиште„.

Словачкиот ополномошник задолжен за ромската заедница: Ќе се фокусираме на образованието и вработувањето

Владата на Република Словачка го забележа на 25 јуни 2019 година од "Извештајот за следење на исполнувањето на Стратегијата на Република Словачка за интеграција на Ромите до 2020", кој го следи исполнувањето на активностите и мерките наведени во Акционите планови за Стратегијата во областа на образованието, вработувањето, финансиското вклучување, здравството, домувањето, недискриминацијата и пристапот на ромската заедница кон мнозинско општество во текот на 2018 година, а кој беше преземен од страна на Канцеларијата на ополномоштениот владин службеник за ромски заедници во соработка со министерствата и ги достави до Владата од страна на министерот за внатрешни работи.

Од 154 активности и мерки кои требаше да се исполнат во текот на 2018 година, Канцеларијата на ополномоштеникот оцени 85 како "исполнети" или "за да бидат исполнети" 54 како "во тек" и 15 како "неисполнети".

Минатата година беа потрошена речиси 120 милиони евра за интеграција на Ромите во Словачка.

Инвестицијата беше особено за активности за зголемување на вработувањето на Ромите (75 милиони евра), едукативни активности (30 милиони евра) и областа на домување (7 милиони евра).

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/slovak-plenipotentiary-for-romani-communities-we-will-focus-on-education-and-employment

Дополнителни изданија на речникот и граматиката на ромски јазик

Владата преку Генералниот секретаријат ќе отвори повик за печатење на дополнителни изданија на граматиката на ромски јазик и речник на македонски – ромски јазик.

– Согласно Стратегијата за Роми 2014-2020 еден од постулатите на овој документ, како и една од приоритетни цели од истиот е развој и промоција на ромската култура, јазик и традиција. Печатењето на овие две публикации директно ќе придонесат кон реализација на оваа цел – велат од владината прес-служба.

Одлуката која беше донесена на денешната владина седница предвидува речникот на македонски – ромски јазик од 800 страници да биде отпечатен во 500-тини примероци, додека граматиката на ромски јазик од 300 страници – во 1000 примероци.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 56 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот