Според информациите кој екслузивно ги даде за порталот Рома Тајмс, познатиот ромски интелектуалец со стекната титула Доктор за Ромологија и признат светски стручњак и познавач на ромската клултура, историја и традиција Д-р Рајко Ѓуриќ напомена дека отсега ќе биде редовен професор на катедрата по Ромологија при Факултетот на ОН во Белград, Србија.
Инаку Др Рајко Ѓуриќ е роден на 3 октомври 1947 година во месото Мало Орашје, Србија. Студираше филозофија на филозофскиот факултет во белград од 1967 до 1972 година. Во 1986 година Докторираше на Социологија на темата Култура на Ромите во СФРЈ. Има напишано над 600 статии и книги . Инаку Рајко Ѓуриќ Беше претседател и на ИРУ како и Генерален секретар на Ромскиот Интернационален ПЕН центар.
Инаку именување на овој вид на професор е прва во светот