Илијаз Бајрам е роден во Скопје 1961 година. Студираше Историја и Географија. Во 1987 година ја издаде својата прва книга насловена како „ Боговите се во форма на луѓе„.
Оваа година тој ја издаде својата втора книга насловена како „Универзум„ од областа на Астрофизиката и Космологијата.
Претходно зема учество во повеќе збирки на поезија. Воедно е член на „Истражувачки соработник за археологија, астронаутика и СЕТИ-Европа - "Forschunggeselschat für Archäologie, Astronautik und SETI-Europa, како и член на Археологија, астронаутика и СЕТИ - Здружение за истражување - САД - Archäologie, Astronautik and SETI Research Association - USA. Живее и работи во Германија
Книгата има 15 поглавја и авторот ја опишува општата и специјалната теорија на релативитетот на Алберт Ајнштајн како и Квантната механика кои придонесоа за да излезе нова теорија која е позната како Супер Стринг теорија.
Во книгата е опфатено Развојот и дејствувањето на Универзумот - простор и време - светлосна брзина- временска дилетација- фундаментални сили- делови и антиделови-различни димензии-Теорија на релативитет- куаркови - ентропија- калабија простори- космичко зрачење -топологија на Универзумот - мултиверзум- црни дупки - екстра димензии и други теми.
Ова е доказ дека има и Роми кои работат и на ова поле, како и самиот автор Бајрам напомена дека сака на младата генерација да испрати порака и мотив и тие да работата на ова поле.