Идриз Дурмиш: Никогаш не се откажувајте и следете го својот сон,колку патот е потежок и полн со препреки, успехот ќе биде уште поголем

Идриз Дурмиш е студент од Скопје, Ром кој студира молекуларна биологија на Природно математичкиот факултет, има просек 9,8 и сонува да му помогне на човештвото во битката со ракот, една од најсмртоносните болести на современиот свет.
Во своето интервју за Рома Тајмс ги сподели своите видувања.

Рома Тајмс: Кога се роди љубовта кон молекуларната биологија?

Идриз Дурмиш: Природата и живите организми ме интересираа уште од мала возраст. Ме интересираше како и од каде доаѓаат живите организми, од што се изградени и слично. Во биологијата се заљубив уште во петто одделение, додека во средно училиште ме заинтригира молекуларната биологија. Молекуларната биологија е релативно нова биолошка гранка која ги проучува биолошките процеси на молекуларно ниво. Најмногу се задржува на природата на DNA молекулата т.е. како и на кој начин оваа молекула ги носи и ги интерпретира информациите. Новите гранки на генетиката, како што е генетскиот инженеринг на пример, настојуваат да ја променат "oригиналната" DNA секвенца со цел да се отстранат одредени недостатоци (болести, одредени карактеристики на земјоделски култури, производство на лекови и слично).

РТ.:Како си прифатен и како на твоите капацитети  гледаат не- Ромите?

ИД: Искрено, на почетокот премногу се плашев како ќе бидам прифатен на факултет и од професорите и од студентите. Меѓутоа, еве после 4-5 години, можам слободно да кажам дека ПМФ е факултет каде што се цени трудот, знаењето и научната љубопитност, додека националната, верската и расната припадност воопшто не се важни.

РТ:Колку имаш слободно време и на кој начин го исполнуваш?

ИД; Додека имав предавања (веќе со предавања и вежби завршив кон почеток на јуни), немав премногу слободно време затоа што цел ден бев на факултет. Имаме и теоретски предавања и лабораториски вежби. Но, сепак успевав преку викенди да излезам со друштво, да се социјализирам и да уживам како секој млад човек. Од друга страна, обожавам филмови и книги, па често по цел ден учење одмарам со добар филм, а книгите ги оставам за меѓу сесии. Имам уште 3 испити, па ќе дипломирам и ќе имам повеќе време за читање на книги од различни жанрови.

РТ:Имаш ли идол и од која област?

ИД: Имам повеќе идоли. Од областа на физиката и астрономијата омилени ми се Стивен Хокинг, Нил деГрас  Тајсон и Мичио Каку. Хокинг е познат по неговата теорија за т.н. Хокингова радијација која излегува од црните дупки, Нил Тајсон е одличен научник кој на прекрасен начин ја промовира науката и ја доближува до публиката, додека Каку е еден од основоположниците на стринг теоријата (теорија на струни). Од биолозите морам да ги спомнам Чарлс Дарвин кој во време кога не се знаело што е DNA, ниту пак генетика, Дарвин ја образложил извонредната теорија на еволуција, и Ричард Докинс, познат еволуционист кој се придружува исклучиво на рационалната мисла.

РТ:Порака за твоите врсници и идни генерации
 
ИД: На сите мои врсници и идни генерации ќе им препорачам да го студираат она што тие го сакаат, она што ги интересира и она што ги прави комплетни. Ќе им препорачам, исто така, никогаш да не се откажуваат и да го следат својот сон и да запомнат дека колку патот е потежок и полн со препреки, успехот ќе биде уште поголем.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 226 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот