СП БТР под полна пареа работи и го снима документарецот за историјата , традицијата, културата, јазикот и идентитетот на Ромите!
Пакетот насловен како „Небо, Точак, Земја„, по завршената Руска етапа, сега беше во Романија и Бугарија.
Беа направени интервјуа и разговори со познавачи на сите сегменти од ромското прашање од овие држави.
Во Романија снимени се познатите и признати експерт за ромски јазик, и познавач на ромската историја, култура и традиција професорот Георге Сарау, Делиа Григоре, Адриан Бербек, Сорин Санду и други.
Во Бугарија исто така имаше интервјуа со активисти Роми кои имаат свои здруженија. Меѓу нив беше и познатиот росмки активисти Георге Баков.
Претходно во Скопје беше снимен и м-р Трајко Петровски. Во декември планирано е патување за Шведска и снимање на тој дел од документарецот.