Ромскиот јазик (изворно: rromani ćhib), е мајчиниот јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападни индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.
Според ISO стандардите, јазикот е ставен во групата на макро јазици и се состои од седум под-јазици или големи дијалекти. Најголемиот дијалект е влашкоромскиот со околу 1.5 милиони зборувачи, потоа следат балканскоромскиот, карпатскоромскиот синтискоромскиот, велшкоромскиот, кало финскиот и балтичкоромскиот.
Ромска азбука
Ромската азбука е поим со кој се опфаќаат неколку латинични, пишување кои се користат за запишување на ромскиот јазик и неговите дијалекти. Ромскиот јазик до 20 век не бил пишан јазик, иако првиот пишан документ на ромски датира од 1542.
Во зависност од тоа каде се зборува јазикот, така варира и ромската азбука , и сега е во тек стандардизиран ромски правопис.