Како што беше најавено СП БТР Продукција започна со снимање на својот најнов документарец за потеклото, историјата, традицијата, културата и идентитетот на Ромската нација „ Небо, Точак Земја„.
Првата клапа и дестинацијае Русија. На тој далечен пат замина екипата на СП БТР Продукција за Москва, Тимот од Скопје е составен со Зоран Димов – продуцент, Ерхан Демир, како снимател о Бајрам Северџан како актер – наратор, а во Москва ќе бидат придружени од Надежда Деметер , познавач на ромската историја, потоа Анатолиј Бутаков соработникот од Русија и уште повече истакнати руски Роми.
Таму е планирано освен интервјуа и раговори да биде снимен и ромскиот фестивал кој се одржува во москва и повече населени ромски населби и руски Роми.
Таму снимањето ќе се одвива се до крајот на октомври, за потоа веднаш се продолжи за Србија и разговор со истакнати Ромски историчари меѓу кои и д-р Рајко Ѓуриќ , м-р Трајко Петровски, лингвистот Љуан Кока, новинарот Драгољуб Ацковиќ и др.
На почетокот на ноември веднаш ќе се замине са Романија.