Само уште две недели преостануваат до најавениот спектакл во Скопје. Во летниот амбиент на хотелот Континетал во Скопје на 29 јуни оваа година со почеток од 20:30 часот ќе се реализира традиционалната 27-ми по ред Избор на Мис Најубава Интернационална Ромска Убавица 2019.
Како и претходните години така и оваа организатор е СП БТР Продукција.
Според најавите од организаторот оваа година покрај улеството на 15 девојки од Русија, Унгарија, Албанија Бугарија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрвтаска, Грција, Турција како и од Република Северна Македонија.
Покрај парадата на убавината воедно таа вечер ќе има и богата забавно музичка програма со познати пеачки имиња како од нашата држава така и од странство мешу кои и познати уметнички имиња со нивни перформанси од Руската федерација и од Италија.
Воедно според организаторот на оваа културна манифестација поради огромниот интерес на присутни гости, и ограничениот простор, потребно е и однапред резервирање на местата. Тоа може да го сторат на телефонскиот број ++389 (0)2/2656 901. Влезот е 600 денари со богато мени.