Што се случи на 16 мај 1944 година? Во логорот за уништување во Аушвиц II - Биркенау, делот наречен "Цигански камп" (Зигенер Лагер).
Некои од Ромите кои беа донесени во Аушвиц од страна на нацистите не беа веднаш изложени на тортура, туку беа сместени во т.н "Зигојнер Лагер". Тој беше мешовит логор, што значи деца, мажи и жени беа затворени таму заедно.
Ромските заробеници беа присилени на работа како робови, набљудувани и подложени на медицински тестови и мачени. Д-р Јозеф Менгеле од СС, садистички психопат познат како "Ангел на смртта", избра ромски поединци, повеќето од нив деца, да подлежат на перверзни експерименти.
Во текот на ноќта од 2 август и рано наутро на 3 август 1944 година, сите затвореници во кампот, без исклучок, беа убиени во гасни комори. Поради оваа позната, официјална историја, 2 август се прославува како Денот на холокаустот на Ромите.
Нацистите, всушност, сакале да го затворат во тој камп и да ги убијат ромските затвореници во гасните комори порано од тоа, на 16 мај 1944 година. Во тоа време имало повеќе од 6 000 ромски затвореници.
На 15 мај, подземното движење на отпорот во кампот ги предупредило Ромите за тоа што планирале нацистите. Утрото на 16 мај, ромските затвореници не се појавиле за вообичаената утринска прозивка и престанале да соработуваат со чуварите на СС.
Ромите се забарикадираа во нивните бараки. Тие се сместија во складиште за опрема и се наоружале со чекани, копачи и лопати, одвојувајќи ги дрвените делови од железните што ги наостриле за да направат дрвени колци.
Децата собираат тули. Кога стражарите на СС влегоа во логорот доцна попладне за да ги однесат Ромите во гасните комори, тие почнаа да даваат отпор и се бореа до смрт. Се бореа сите и деца и мажи и жени.
Аушвиц никогаш претходно не искусил такво нешто и нема повторно да го доживее. Имаше загуби на двете страни.
СС беа во шок, бидејќи целосно не успеаја да го предвидат овој отпор. Загрижени дека би можеле да изгубат повеќе луѓе и дека отпорот би можело да се прошири и на други делови од Аушвиц, тие се повлекле од кампот БИЛ.
Тој ден во гасните комори беа ликвидирани неРоми. Нацистите потоа ги ставија затворениците на гладување.
На 23 мај 1944 година, нацистите преместиле 1 500 Ромски затвореници во Аушвиц I, а потоа многумина од нив беа испратени во конц логорот во Бухенвалд.
На 25 мај 1944 година, 82 мажи биле транспортирани во концентрациониот логор Флосенбург, а 144 млади ромски жени биле испратени во концентрациониот логор Равенсбрук.
Помалку од 3 000 ромски затвореници останаа во кампот во Аушвиц, повеќето од нив беа деца.
На 2 август 1944 година, нацистите ги спроведоа и ги ликвидираа во гасните комори во оделот 5 иако и во таа ноќ имаше отпор.
Слава и чест на сеќавањето на овие ромски херои!