Деветта Меѓународна конференција за жените и девојчињата Ромки и жените и девојчињата патувачи, која се одржа изминатава во Скопје, во организација на Советот на Европа и Владата на Македонија, се дискутираше за предизвиците, проблемите но и за решенијата. Целта беше да се види каков напредок е постигнат во интеграцијата на жените и девојчиња Ромки и Патувачи, да се споделат искуства и да се истакнат предизвиците на кои треба во иднина да се работи.
„Наша обврска е да создадеме општество во кое граѓаните, независно на која етничка заедница и припаѓаат ќе се чувствуваат сигурно и ќе имаат еднакви можности и пристап до ресурси за личен развој и напредок. Општество кое интегрира, а не сегрегира, општество кое обединува, а не прави делби, односно општество кое вклучува, а не исклучува“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Напорите кои ги вложуваме во унапредувањето на статусот на жената Ромка во нашата земја, како што посочи Тренчевска, произлегуваат од Стратегијата и националните акциски планови за Ромите Македонија, како и од посебниот Акциски план за жената Ромка.
Наша обврска е, дополни таа, е да преземаме мерки и активности за надминување на оваа состојба, за вклучување децата Роми во предучилишното образование, за вклучување на децата Роми во образованието, за нивно згрижување во дневни центри со цел да им се даде поддршка, но и на нивните родители.