На 21 Ноември 2023 година, Роомите и Ромската заедница како од Европа така и од светот изгуби еден истакнат Ромски експерт и активист. Марко Кнудсен со својот ангажман уште од најрана младост започна со својот активизам, и во сиот овој период придонесе многу во борбата против дискриминацијата и антициганизмот. Беше ценет како од Ромската заедница, така и од останатите. Своето знаење го изрази и како Експерт за Институтот Георг Екерт,работеше и во Советодавниот одбор за интеграција Хамбург, а исто и как дефектолог и социјален работник во Здружението за образование на Ромите во Хамбург. Меѓу другото беше активен и во вклучување и учество на Ромите и Синтите,Советник на важни институции и личности Роми и Синти: работи како експерт во Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
Беше исто така и познат и признат филмски продуцент и филмски работник
Работел како ТВ продуцент во Offener Kanal Hamburg,
Живееше и работеше во Хамбург