Поради расно профилирање на Роми, С. Македонија треба да плати казна од 13.000 евра, одлучи Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против  С. Македонија со која се осудува расното профилирање на Роми на граничните премини, а пресудата се однесува на петмина апликанти од ромска етничка припадност, застапени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) од Брисел и приватни адвокати кои работат за Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Од ЕЦПР истакнуваат дека на 24 октомври, Судот утврдил  дискриминација на четворица од петмината Роми- апликанти и повреда на нивната слобода на движење, дополнувајќи дека Судот ја задолжил земјава, во рок од три месеци по донесувањето на пресудата, да им исплати оштета во различен износ врз основа на нематеријална штета, во вкупен износ од 13.000 евра. Од ЕЦПР велат дека во донесената пресуда апликантите се дел од лицата кои биле жртва на расно профилирање на граничните премини во 2014 година. Тужбите пред домашните судови биле поднесени со заедничка помош од Европскиот центар за правата на Ромите и Македонското здружение на млади правници.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 151 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот