Поповод неодамнешната контроверза која ја потресе Белгија, предизвикана од несоодветни забелешки на Конер Русо, претседателот на политичката партија „ВОРУИТ“, остава горчлив вкус не само кај Ромите, туку и кај секој кој ги негува основните вредности.
Извинувањето дадено за време на прес-конференцијата, во некоја рака е добра, но недостатокот на специфично извинување до Ромите од страна на г-дин Русо фрла сенка врз нејзината искреност и го поставува прашањето дали овој инцидент е само политички маневар или вистинско извинување.
ИРУ реагира на молкот на политичката елита за поддршката за ромската заедница. Критиката за расизмот е присутна, но солидарноста со директно погодените е отсутна Каде се министрите од Белгија да ја изразар горченоста од страна на Белгија во институвциите на ЕУ?
Затоа и ИРУ бара и од белгијските власти, а воедно и од ЕУ да реагираат навремено и превентивно. Да не се чувствуваат Ромите од Белгија дека се оставени самни на себе и без поддршка. И самиот Конер Русо треба да знае дека одговорност на политичките лидери е да се изразат со големо внимание и почит за сите заедници“.
Белгија, како дел и воедно „срцето„ на Европа, мора да покаже дека е отворена за сите свои граѓани, без оглед на бојата на кожата или културната позадини.
ИРУ во иднина нема да толерира вакви случувања и воедно доколку се продолжи на ваков начин со навреди ќе се ангажира да организира заедноо со другите релевантни ромски организации и масовни протести низ Белгија и другу европски градови „ стои во рекацијата на ИРУ потпишана од нејзинит претседател Зоран Димов.