Марош Хаџега сака да ја продаде својата семејна куќа во Полома, Словачка. На локалните жители, очигледно, им пречи идејата дека може едно ромско семејство кое што дошло да ја разгледа куќата да биде споственик на истата.
Како што информираше сопственикот Хаџега, ромското семејство му соопштило дека не се заинтересирани за купување на неговата куќа и имот. Тој сега вели дека сеуште не одлучил кому ќе ја продаде куќата.
Хаџега одлучил да го продаде семејниот дом преку агенција за недвижнини.
"Многу потенцијални купувачи дојдоа да го видат имотот, и повеќето беа членови на мнозинско општество, но исто не ми сметаше што меѓу кандидати за купување се појави и ромско семејство „ рече Хаџега за словачките медиуми.
Според него, ромското семејство кое дошло да ја видат куќата било "многу респектабилно".
Хаџига верува дека некои од неговите соседи можеби забележале дека Ромите биле заинтересирани за купување на куќата и можеби сакале да ги спречат Ромите да се преселат во Полома. "Од тогаш, тоа е пекол за моето семејство", тврди тој.