Прес телевизија во Словачка емитуваше снимка од, 13-годишно девојче во плач кое избега од детски дом, бидејќи се плаши дека раководството ќе ја однесе во психијатриска установа како што тоа го прававиле со нејзиниот брат пред пред тоа.
Името на девојката е Зузана. Очигледно таа е наменета да биде испратена до објектот, бидејќи таа вербално ја навредила наделжната во сиропиталиштето, и покрај тоа што подоцна се извинила.
Според Зузана, многу деца се земени од детскиот дом и преместени во психијатрискиот објект, а најмладиот од нив има само седум години. Децата се под терапија на психијатриски лекови што им се наложени да ги земат и по враќањето во детскиот дом.
Телевизијата ја интервјуиринала Зузана, а потоа направи се од себе за да ја испита суштината на проблемот во нивната репортажа. Сведочењето на Зузана го потврдија и поранешните штитеници во детскиот дом.
Според репортажата, десетици деца од Центарот за деца и семејства во Свидник завршиле во психијатрискиот објект во Храњ. Тие се на возраст од 7 до 17 години и се зависни од силни седативи и други лекови до времето кога тие се ослободуваат од психијатрискиот објект.
Директорот на центарот, Љубомир Слука, вели дека повеќето од децата имаат ментални нарушувања. Новинарите, сепак, констатирале дека не е случај и дека психијатрискиот центар добива деца од многу рана возраст, при што најмладото дете користи силни лекови на возраст од само седум.