На социјалните мрежи беше поставено видео које според постот е настан од 25 април 2019 година во романскиот град Залау кој е 550 км северно од главниот град на Романија -Букурешт.
На видео снимката која е направена од страна на еден од патниците на автобусот и трае околу 15 секунди се гледаат шокирачки сцена како шофер на јавниот транспорт со дрвена рачка од метла ја напаѓа една жена - Ромка која држи дете во своите раце.
На снимката се гледа додека шоферот замавнува по жената, таа се труди да се заштити замавнувајчи по него со пластично шише и се труди да го задржи бебето во нејзините прегратки.
Во еден момент, снимката покажува како, по силен удар, рачаката се скрши но возачот и понатаму ја удира жената. На снимаката се гледа дека ниту еден од присутните не приоѓа да го спречи овој напад врз Ромката.
Инаку според очевидците, никој не ја знаеше востинската причина за ова насилство. Оваа снимка потоа беше превземена од еден локален весник и беше достапна за јавноста.
Инаку по овој настан немаше информации дека случајот е пријавен во полиција или пак повик за итни случаи на бројот 112.
Според Новиот Кривичен законик, во случаи на насилство, полициските службеници можат да се жалат по службена должност, наместо да поднесат жалба од страна на повреденото лице.
Video -