Во селото Лопатки, во близина на Чемодановка (област Пенза), имаше голема огнена стихија каде што живеат Ромите. Оваа информација беше објавена и преку социјалните мрежи кои информираа за состојбата.
За потсетување е дека претходно имаше масовна физичка пресметка меѓу локалното население и Ромите , каде за време на таа пресметка има и еден починат.
Според ЕМERCOM, пожарот започна вчера во 21:46 по московско време. Неколку стамбени објекти изгореа. "Засега нема пријавени жртви", објави Министерството.
Корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека конфликтот е главен мотив за овој пожар. Гувернерот на регионот и шефот на ИЦ Александар Бастрикин информираше дека тие навремено интервенирале за време на конфликтот помеѓу локалното население и Ромите.
Инаку претходно, жителите на Чемодановка го блокираа автопатот по масовната тепачка. Инаку преставниците на Ромите напоменаа дека локалните жители го предизвикаа тој конфликт.
Link: https://en.crimerussia.com/gromkie-dela/gypsy-village-near-chemodanovka-catches-fire/
Video: