Роми од над 100 куќи товарени на автобус и депортирани од руското село поради убиство на Русин!

На 13-ти јуни годинава се случува масовна тепачка меѓу жителите селото Чемодановка и тамошните Роми. Во тепачката загинува еден Русин. Следниот ден Русите одржуваат масовен протест. Два дена подоцна почнуваат да ги палат ромските куќи.

По ова, група од околу 650 до 900 Роми (различни извори различно пренесуваат) кои живеат во околината на Чемодановка и соседното село Лопатки, регион Пенза на исток од Москва, се качени на автобус и преселени во Волгоградскиот регион на околу 500 километри од дотогашното живеалиште. Во друга варијанта на сторијата, Ромите сами се качуваат на автобус и превентивно заминуваат.

Тамошните власти изјавиле дека ромската дијаспора во Волгоградскиот регион се согласила да им даде засолниште на Ромите од Чемодановка, дополнувајќи дека властите на селото ќе разгледаат како воопшто било дозволено Ромите да направат населба во нивната околина.

Една од шпекулациите е дека тепачката била предизвикана затоа што локалците имале проблем со сексуално малтретирање од страна на Ромите.

По иселувањето околу 90 ромски куќи се оставени напуштени. Запрашани за можното враќање на Ромите локалците се на два памета: тоа нема да се случи скоро и тоа нема воопшто да се случи.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 242 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот