Од први јули започна да се спроведува проектот на Владата - поврат на 15% ДДВ кај физичките лице.
Право на повраток имаат сите граѓани, и според пресметката дека максимален поврат на 15% ДДВ за едно четричлено семејство е максимално околу 30.000 денари - 500 евра.
Главна улога играат фискалните сметки кои се главниот клуч во спроведување на овој проект.
Тие потоа во скенирана форма преку симната апликација„Мој ДДВ„ од Андроид телефони се испраќаат до УЈП.
Целта на проектот е граѓаните да се вратат дел од парите, но и да бидат инспектори, да не купуваат без фискална.
Тоа значи дека оние „ситни„ трговци кои немаат можност да регистрираат свои фирми, а секојденвно зависат од препродажба на импровизирани или изнајмени тезги, може лесно да останат без работа, затоа што е нормално дека дел од граѓаните ќе им биде во интерес да купуваат таму каде ќе им даваат и фискални.
Се доаѓа до заклучок дека тие ситни трговци може многу лесно да останат и без работа,приход,промет и егзистенција!
Но, експерите пресметаа дека оваа сума од повратокот на ДДВ 15% ќе ја добијат најбогатите кои имаат повеќе пари за трошење.
Дали тоа ќе значи дека сепак оние со „поплиток џеб„ ако се откажат од скенирање и испраќање на фискални за поврат на ДДВ 15 %, тогаш поповолна опција на пазарење без фискална.
Инаку често знаат постарите луѓе во врска со функционирање на системот, држава-граѓани, и обврските еден кон друг знаат да ги прокоментираат во стилот : „Знаеме дека војуваат држава со држава, само кај нас исе војува држава со своите граѓани„
Инаку целиот проект ќе го чини буџетот околу 50 милиони евра, но очекувањата се дека наплатата на ДДВ ќе се зголеми. Парите ќе се враќаат на секои три месеци.