РДС Анализа (10-ти дел) По усвоениот закон за социјална помош - Само за основните животни трошоци потребни се 525 евра!

Во Собранието на Република Северна Македонија беше усвоен долгоочекуваниот пакет закон за социјална сигурност и искоренување на сиромаштијата .
Во него меѓудругото стои дека веќе од Јуни 2019 социјалната парична помош за пет и повеќе члено семејство ќе изнесува околу 200 евра. Нормално за да се користат тие услуги ќе има и правила со кој ќе се поттикнува намалување на невработеноста се со цел да не се потпира семејството на таа парична социјална помош.

Но сепак што вели статистиката кои се основните потреби на едно семејство во нашата држава.
Според неа најголем дел од парите или скоро 74% завршуваат за исхрана и домување.
Според најновите податоци што ги објавува ССМ, за да се подмират основните животни потреби во четвртиот месец од годинава биле потребни 525 евра, пишуваат магазините за економија.
Тоа би му дошло одприлика дека месечно за исхрана и сметки се потребни околу 400 евра. Од нив околу 226 евра за исхрана а за комуналии, покуќнина и одржување околу
170 евра. Ова значи дека во вкупните трошоци на месечно ниво, најголем удел имаат оние за основни потреби – храна и сметки за струја, вода и други комуналии.
Еве колку пари и за што се трошат, односно треба да се потрошат за да се задоволат основните животни потреби:
Исхрана и пијалаци 230 евра, Домување 170 евра, Хигиена 35 евра , Превоз 35 евра, Облека и обувки 30 евра, Култура 15 евра, Одржување на здравје 10 евра, Вкупно : 525 евра

Со фактот сега според усвоениот пакет закони дека максималниот износ на социјална парична помош на едно пет члено семејство ќе изнесува околу 200 евра, јасно е дека тоа семејство ќе треба да се потруди да најде некое вработување на најмалку двајца во тоа семејство за да го следат економскиот галоп во државата, и со максимално и рационално домаќинско водење на потребите да се излезе на крај од месецот.
Висината на раположливите приходи во едно домаќинство го диктира кавалитетот на животот. Статистиките покажуваат дека и оние кои работат или примаат пензија не значи дека се надвор од зоната на преживување.

Според Заводот за статистика стои дека од сите вработени лица само 9% се сиромашни, од сите невработени – 38,7%, од пензионерите – 7,7% и од другите неактивни 32,1% се сиромашно!

Затоа и пораката е следна, не треба да се „потпираме„ премногу на социјалното, затоа што животниот стандард е поразличен од социјалното скалило. За посигурен стандард -лекот е само -работа!

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 213 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот