Деновиве во детската градинка „Детска Радост„ во Скопје, својата прва самостојна изложба на детски цртежи ја имаше 7 годишната Алина Мемети.
Инаку самата изложба е уште повредна и позначајна затоа што е од дете ке има само 7 години, но уште поважно малата Алина Мемети е вистински херој. Таа и покрај својата болест – леукемија , својата инспрација како пациент на Онкологија –Детската клиника, ја наоѓа во својот вроден талент – уметноста,
Таа уште од своја 2 годишна возраст започнала да црта, така што нејзината љубов кон цртањето продлжила и за време на нејзинто лечење на Детската клиника.
Сите до еден, воспитувачите, докторите како и наставниците веруваат дека Алина ќе ја победи оваа болест и дека ќе има уште долги години да го покажува својот талент кон цртањето и уметноста. Алина ти си херој и ќе успееш!
Youtube: