- Унијата на Ромите на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои најмалку 1200 гласа
- ОО СДСМ – Шуто Оризари на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои помалку од 700 гласа
- СРМ на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои околу 400 гласа
- ОК ВМРО-ДПМНЕ – Шуто Оризари заедно со ДСР, ДПР, ОПЕР и РОМ, на вчерашните претседателски избори – прв круг, освоиле 1853 гласа. Во овој момент, не успеав да одредам колку тежат.
Како ги измерив на вага?
- За Советот на Општина Шуто Оризари во 2021, Унијата на Ромите (во тоа време сеуште нерегистрирана, но претставена од истите кандидати, сегашни претставници на партијата) освои 1678 гласа, ДУИ освои 1464 и АА во коалиција со Алтернатива освои 667 гласа. Со сумирање на нивните заеднички гласови, бидејќи сега настапуваат во Коалиција (без Алтернатива), за Советот на Општина Шуто Оризари во 2021 овие политички партии вкупно освоиле 3809 гласа или во произволен процентуален удел, Унијата на Ромите 45%, ДУИ 38% и АА и Алтернатива 17%. Оттука, врз основа на овој процентуален удел од 2021, Унијата на Ромите на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои најмалку 1200 гласа, што претставуваат најмалку 45% од освоените 2699 гласа.
- За Советот на Општина Шуто Оризари во 2021, ОО СДСМ – Шуто Оризари (во тоа време во Коалиција со ОПЕР и ПЦЕР) освои 1622 гласа, а СРМ освои 956 гласа. ЦДУ во тоа време не беше регистрирана и не учествуваше на тие избори. Со сумирање на заедничките гласови за Советот на Општина Шуто Оризари во 2021, тогашните партии кои учествуваа заедно, вкупно освоиле 2578 гласа или во процентуален удел, ОО СДСМ – Шуто Оризари помалку од 63%, а СРМ 37%. Од постоечките податоци не постои можност да ги одредам процентуалниот удел на ОПЕР, ПЦЕР и ЦДУ. Врз основа на произволниот процентуален удел од 2021, на вчерашните претседателски избори – прв круг, ОО СДСМ – Шуто Оризари произволно освои помалку од 700 гласа (помалку од 63% од вкупните 1132), а СРМ освои помалку од 400 гласа (што претставуваат околу 37% од освоените 1132 гласа). Се очекува дека ЦДУ има одреден удел во вкупно освоените гласа. Затоа, произволно освоените гласови ги истакнувам со прилогот ,,помалку".
- За Коалицијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Шуто Оризари, ДСР, ДПР, ОПЕР и РОМ, не би можел да пресметам бројки, поради тоа што сите овие партии, со исклучок на ДСР, не учествувале самостојно на изборите за Градоначалник и Совет на Општина Шуто Оризари во 2021 година. Но, сите овие пет политички партии заедно вкупно освоиле 1853 гласа.
Текстот е превземен од ФБ профилот на авторот Силхан Саитов - Магистер по јавно здравје: https://www.facebook.com/saitovsilhan