Раководителот на новоформираната Ромска Фондација каде Сорос фондацијата пренамени 100 милиони евра за Ромите Жељко Јовановиќ имаше средба со дел од членовите на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромската заедница и ведно иницијатори на Ромската национална платформа.
На таа средба беа присутни Зоран Димов, Координатор на Мрежата и на РНП, и членовите Ерол Адемов од Штип, Ахмет Јашаревски од Куманово, Шенај Османв од Штип и Рамуш Муарем од Скопје. На состанокот во придружба на Јовановиќ беше присутен и Али Реџеп Чупи.
За време на средбата беше дискутирано за позитивните и негативните состојбите како во НВО секторот, и за политичките активности на Ромската заедница во државата и недонесувањето на акциските планови и нивните капацитети и позиции на влијание.
За време на дискусиите Јовановиќ напомена дека Ромите во државата треба да се фокусираат на идните стратешки цели во однос на економското, политичкото и културното разјаснување на Ромската заедница.
– Нашата цел е да се преземат решенија и да се спроведат во практика кои се во интерес на Ромската заедница. А за да се постигне тоа потребно е да се стремат кон културна револуција и внатрешна ориентација„ рече Жељко Јовановиќ
Преставниците на Мрежата и Националната Ромска платформа напоменаа дека потребно е без одложување со сите капацитети да се насочат во заедничко делување без индивидуални или групни истакнувања.