Зошто се дигна голема „врева и прашина„ по информацијата дека Фондацијата Сорос, ќе им додели 100 милиони евра на новата Европска фондација на Ромите со седиште во Брисел?

По објавената информација дека Фондацијата Отворено општество на Сорос ќе одвои и ќе и додели на на новата Европска Фондација на Ромите околу 100 милиони евра, која потоа ќе ги насочи во реализација на  проекти наменети за Ромската заедница во повеќе сфери за одржлив развој на Ромите од Европа, започнаа преку социјалните мрежи коментари на кој начин би можеле да се искористат оовие средства. Коментарите се и со позитивна конотација но има многу и со негативна.

Позитивните се од аспект дека тоа ќе придонесе за продолжување на зацртаните планови за реализација за доборбит на Ромската заедница. Но во негативните коментари беше застапувана тезата дека тие средства нема да отидат во вистинска насока и правилно искористени. Од каде тој песимизам?

Во тие коментари најчесто е застапена тезата дека тие средства ќе бидат простор за манипулации и реализација на одредени групи од кои мнозинството Роми нема да видат некој  голем бенефит.

Најчесто се споменати заверите и задкулисаните игри на некои од организациите, а исто така одат и во насока дека повеќето од средствата наменети за Ромите, завршувале во неромски организации , кои на крај немале никакви допирни точки со Ромите, а сепак тие средства ги искористиле за сосема други намени, каде Ромите одиграле само „епизодна„ улога. Значи тој став произлегува од негативните искуства во минатото и искористување на тие средства.

Дали такво нешто и сега би можело да се повтори со знаење дека сега со тие средства ќе располага Ромска фондација и ќе знае да ги „канализира„ до вистинските проекти ки се в интерес на Ромската заедница.

А исто така треба да се надеваме дека средствата ќе бидат рамноправно и за виситинска намена доделени , а не преку фаворизирање на некоја група или држава.

Но времето ќе покаже кој биле во право, дали оние со негативните коментари или оние чии коментари биле во позитивна насока. Ни малку нема  да има лесна работа тимот на новата Ромска фондација во Европа чије седиште ќе биде во Брисел и на чие чело ќе стои г-дин Жељко Јовановиќ.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 148 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот