„Важно е да се искористи секој дел од "мозаикот" за соодветен пристап до правдата, улогата на граѓанскиот сектор, НВО е битен дел во сликата од мозаикот на успехот„ - истакна државниот секретар во Министерството за правда м-р Мухамед Точи за време на средбата со преставниците од Мрежата за Системски и трајни решенја. Самата мрежа беше преставена од Шенај Османов, Зоран Димов и актуелната пратенилја во македонското собраније Љатифа Шиковска.
Беше разговарано за повеќе теми, а фокусот беше за продлабочување на соработката помеѓу ромскиот НВО сектор и Министерството за Правда во полето на правдата и ромската заедница.
И двете страни изразија задоволство на подготвеноста за оваа соработка
На повисоки нивоа. Воедно преставниците на Мрежата на Точи му посакаа успешна работа на оваа функција.