Во рамки на реализација на една нова посебна програма „Педагошки помошник за ученици во основно образование„, која ќе има за цел оспособување на кандидати за успешна работа со ученици од основно образование.
Тие ќе треба да работат со ученици кои покажуваат понизок успех во учењето во насока на пружање помош за запишување на ученици во основно образование и во поучување на ученици во основно образование за совладување на училишното градиво.
Во тој контекст Здружение Ромски деловен информативен центар во Македонија - ЗРДИЦМ во соработка со МТСП во - Секторот за политика од областа на трудово право и политика за вработување, Центарот за стручно образование и обука од Скопје и Центарот за образование на возрасните информираа дека се е подготвено пријавените кандидати за „Педагошки помошник„ да започнат со својата обука .
Сите кој успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со диплома за ова стандардно занимање - „Педагошки помошник„ , и во иднина ќе можат слободно и да конкурираат за ново вработување во таа насока.