Една од целите на ОБСЕ е да им помогне на Ромите и Синтите да имаат сеопфатна и рамноправна улога во општеството и да se искорени дискриминацијата против нив.
За таа цел, Мисијата обезбедува поддршка за градење на капацитетите на ромските невладини организации, им помага да ги координираат нивните напори, и го олеснува и стимулира дијалогот со националните институции и меѓународните организации.
Денес, во Охрид заедно со Асоцијацијата Иницијатива за социјални промени и нејзините тринаесет партнерски невладини организации, Мисијата организираше тркалезна маса која се фокусираше на системски и трајни одговори на предизвиците со кои се соочува ромската заедница. Меѓу присутните беше и претседателт на РДИЦМ, Зоран Димов.