Според статистичките податоци на Црна Гора, во оваа држава како декларирани Роми се изјасниле 6.251 лице, или пак во проценти од севкупното население изнесува 1,01%.
Декларирани Роми со својот мајчин јазик се изјасниле 5169 лица. Најголем број на Роми живеат на територијата на градот Подгорица - 3.988, Беране - 531, Никшиќ - 483, Бјело Поље - 334, Херцег Нови - 258 Роми.
Според сутавот на Црна Гора, на малцинствата им се обезбедува заштита на човековите права,. Тие имаат право на изразување, чување, развивање, на културниот, националниот, верскиот и јазичниот идентитет, како и за сите други малцинства кои живеат во оваа држава.
Црна Гора се грижи за развивање и унапредување во изучување на историјата, традицијата, јазикот и културата на малцинствата.