Долгогодишната идеја и замисла на Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија - ЗРДИЦМ дефинитивно стана реалност. Деновиве од страна на Министерството за Труд и социјална политика пристигна официјалното решение за стандард занимање „Педагошки помошник„
Предлогот е поднесен од страна на МОН , а врз основа на позитивно мислење од страна на Советот за стручно обарзование и обука. Истото може да се стекне во Центрите за стручно образование и обука низ државата.
Инаку оваа идеа е направена од страна на ЗРДИЦМ и нејзиниот претседател Зоран Димов. Ова е веќе второ по ред стандард занимање, каде претходно исто такво како „Собирач Постапувач„ беше воведен по направената иницијатива од страна на истата организација.
Инаку занимањето „Педагошки помошник„ ќе ја има задачата да работи една горам на педагог кој ќе им помага на децата во совладување на образовниот материјал на категорија деца кои имаат потешкотии со совладување на тој материјал се со цел за поуспешно следење на наставата како и повисоко ниво на успех во образованието.
Сега се преоѓа во втора фаза, изнаоѓање на Центар каде ќе се врши овој вид на обука и избор на наставен кадар кој ќе ја врши оваа обука врз идните „Педагошки помошници кои понатаму ќе се стекнат со диплома -сертификат со ова занимање -професија.