ИРУ како најстара и најголема ромска интернационална организација која постои над 52 години, со своите активности со децении наназад се ештаблираше како водечка интернационална ромска организација. Од 2016 година за време на 10-т Конгрес на ИРУ кога за нејзин претседател беше избран Зоран Димов. Со неговото назначување како и назначувањето на новиот состав на ИРУ претседателството ИРУ се издигна на едно ниво повисоко кога се во прашање интересите на Ромската заедница. После тоа веднаш ИРУ во УН го поврати својот ECOSOC статус, исто така се ештаблираше како дел од ЕВЗ фомдацијата, важен фактор во EРТФ, и редовен партнер во состаноците организирани од страна на ЕП, ЕК, СЕ и други европски институции.
Секој пат ИРУ реагираше и даваше конкретно насоки и предлози на релевантните европски и светски организации. Сега според нејзиниот претседател Зоран Димов во своето предновогдино обраќање за читателите на Рома Тајмс самиот тој потенцира.
-Како нејзин актуелен претседател и воедно заедно со тимот на ИРУ во целиот овој перидо од моето назначување рабтевме на зајакнување на капацитетите на ИРУ и во тоа ве уверувам успеавме. Тоа се должи на нашиот сериозен пристап и константнас комуникација меѓу самото членство било тоа на нашите видео ЗООМ состаноци или редовните Парламентарни сесии . Ги следиме сите активности и воедно активно учествуваме во донесување на важни одлуки и документи. Констатно земаме учество на многу интернационални состаноци каде сме повикани како релевантна ромска организација.
Во тек е сега и нашиот фокус во организирање на редовниот 12-ти ИРУ Конгрес кој е планиран во периодот март или април кој ќе биде надополнет со повеќе активности, покрај изборот на новот раководство на ИРУ Кабинетот и претседателството.
Чуствувајќи ја потребата за „свежа крв„ ИРУ на овој Конгрес ќе се фокусира и на прием на нови млади и прогресивни сили кој чекаат на прием во ИРУ. Воедно Димов нагласува дека на следниот 12-ти ИРУ Конгрес во 2024, ќе донесе уште попозитивни коренити измени во интерес на Ромската заедница во светот„
Затоа и потенцирана е важноста на овој Конгрес на ИРУ на кој според претседателот Зоран Димов, покрај членовите и делегатите на ИРУ свое присуство најавија како гости и голем број на истакнати високи функционери на значајни позиции од Европската Унија, ОН и други организации, здруќенија и асоцијации.
На крајот Зоран Димов испрати честитки во свое име и во име на ИРУ до сите свои соработници, пријатели, партнери поповод Божиќните и новогодишните празници со желба за здравје, среќа, просперитет, успех како и прекин на сите конфликтни дејствија и да завладее мир на сите простори во светот.