На неодамнешната видео конференција на ИРУ делегатите и членовите, дел од нив презентираа и искази каде украинските Роми кои бегаат од војната се соочуваат со проблеми со граничниот премин. Со други зборови тие се соочуваат со дискриминација, а некои дури и се мета на расизам.
„Украинските Роми се дискриминирани на границата“, напоменаа делгатите на ИРУ Марек Пишта од Словачка и Каталин Станеску од Романија.
На дел од нив дури им се бараат и пари доколку сакаат да ја преминат границата.
Инаку и Марек и Каталин се многу активни на терен. Тие досега успееа над 100 ромски семејства од Украина да ги пренесат во Словачка и Романија. Каталин Станески со својата партија Романи патрида и нејзините активсти од Молдавија им организираа бесплатен транспорт и сместување.
Тие и понатаму работат на терен во помагање на Украинските Роми.
И двајцата ИРУ делегати велат дека еден дел од нив остануваат додека деѕг дел го продолжуваат патот кон земјите од Запада Европа пред се во Германија, Франција, Холандија,Белгија или Велика Британија.
Инаку досега милион и 500 илјади луѓе ја напуштија Украина во текот на една недела од почетокот на руската инвазија. Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека тоа е егзодус без преседан овој век.
ИРУ ги продолжува своите координации и заложби за да може да им излезе во пресрет на Украинските Роми и наскоро подготвува свој акциски план со конкретни мерки.