Во консултации со претседателот на ИРУ Зоран Димов од Романија информираше делегатот и членот на ИРУ Каталин Станеску со неговите активисти од „Романи патрида„ споделија информација дека се подготвени да соберат 100 ромски семејства од Украина за да ги сместат на сигурно во Романија.
Каталин вели дека преку информации со останатото членство се во координација и на тие 100 семејства им е обезбеден и транспорт и храна од граничните премини од Полска, Молдавија, Унгарија до нивно сместување и понатамошна помош во Романија.
Тие се на терен и очекуваат секој повик и информација за да можат да дејствуваат.
Наскоро очекуваме и контакт информации и од Каталин Станески за да се споделат јавно.