Рамуш Муарем-Цирко: Сите треба да го следиме патот што води кон обединување

Новинарот Рамуш Муарем-Цирко во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите како единствен лек од опасната болест национализам.
 Национализмот е една колективна или индивидуална параноја. Всушност ако сакаме да ја дефинираме или да го илустрираме тој национализам, всушност јас ја гледам како една дива река, буквално баш како дива река која неконтролирано се движи по нејзиниот тек, и ако ги споредиме со временските услови кога на пример има врнежи од дожд, тогаш тие притоки или случувања во општеството придонесуваат тој национализам да порасне како нивото на таа дива река, и да почне да се излева на сите страни и едноставно веќе кога доаѓа до тој момент, се губи секоја контрола и тука нема враќање. Според мене национализмот е една опасна болест на денешницата насекаде во општеството.
Јас сум припадник на една националност на една заедница која е малцинство во ова општество, ромската. Конкретно, на мене ми се случило да речеме, многу пати врз база токму на основа на тој национализам да ме ословуваат со придавки од примерот ,, цигани’’ или ,, ѓупци’’ , затоа што едноставно, тоа им е нив најблиску како едноставно девалвирање на таа заедница или девалвирање на таа личност од таа заедница.
Има еден момент кои ние треба да се потрудиме да го направиме, а тоа е да се направи една брана, да се изрегулира тој тек за да се смират тие текови. Е, таа брана можам јас да ја наречам обединети во различноста, токму таа брана може да придонесе и да и дадеме име обединети во различноста.
Мораме ние да го трасираме патот токму на тој начин што мора да најдеме некој лек, а лекот е едноставно насловен како обединети во различноста. Тој лек е против една болест која се вика тропофобија, а тропофобија во превод значи страв од промени, ние се уште не сме подготвени, но за да се подготвиме за таа и да се излечиме од таа тропофобија, токму така, тој лек или таа терапија е обединети во различноста.
На крај сакам да го истакнам уште ова: Сите треба да го следиме патот што води кон соединување, односно да бидеме „обединети во различноста“

Video:

Link: https://civilmedia.mk/video-ramush-muarem-tsirko-site-treba-da-go-sledime-patot-shto-vodi-kon-obedinuvane/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 134 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот