Претседателот на ИРУ Зоран Димов прашува: „ Колку меѓународните институции веруваат во капацитетите на ромските организации?

Во еден од своите ставови и мислења во врска на соработката со институциите од меѓународен карактер , претседателот на ИРУ г-дин Зоран Димов ја искажува својата разочараност кон овие институции а воедно и кон одредени организации кои се занимаваат со решавање на ромската проблематика и креирање на политиките поврзана со Ромската заедница.

Тој вели: „Сакам да искажам свои мислења и ставови најнапред лично како човек, а потоа и како Претседател на Интернационалната Ромска Унија =ИРУ.

Многу пати досега ИРУ ја покажа својата заинтересираност да соработува со сите интернационални институции и организации кога е вопрашањестатусот на Ромската заедница на сите полиња. Многу пати ИРУ преку своето членство ја подаваше раката за соработка.

Ставовите на ИРУ отсекогаш биле со отворен дијалог и конструктивна дебата да се изнајдат најповолни решенија за сите евентуални проблеми и недоследности. Морам да ја истакнам и благодарноста до повеќето меѓународни фактори кој несебично ни ја дадоа својата подршка и соработка на највисоко ниво

Но за жал, многупати досега сме наидувале и на недоразбирање, со доза на недоверба кон нашата организација од помал број на меѓународни институции, а истовремено и до страна на некои „загрижени за состојабата на Ромите„ организации кој и понатаму сакаат да работат на своја рака, без да ја погледнат реалноста.

Многу е симптоматично тоа што некои од нив се гледаат како „организација над сите организации„ и нетранспарентно ја играат улогата „Лидери на Ромите„.

Тоа донесува само уназадување,а наместо прогрес во процесот за подобро утре за сите нас!

За жал такви личности има и во највисоките институции на Европската Унија како што се Европскиот Парламент, ЕК, Советот на Европа и слично.

Злоупотребувајќи ја довербета од народот тие се трудат да направат некои „индивидуален исчекор„ наместо заеднички интерес, и на тој начин играат на „самопромоција„. Мораме да заклучиме дека таквиот активизам никогаш нема да вроди со плод и да биде продуктивен.

Класичен пример е актуелната состојба со пандемијата на КОВИД 19 и предложениот Стетмент од страна на ИРУ до Европскиот Парламент за Минимум влог во местата каде што живеат Ромите. Познавајќи ја општата сосотојба на таа заедница (инфраструктурна, економска, социјална..), прашањето е: ДО КАДЕ Е НЕГОВАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И НА КОЈ НАЧИН ЌЕ СЕ ИЗРЕАЛИЗИРА?

Пред се мојата интенција е да се потрудиме да бидеме сите еднакви, да се развие плурализмот, довербата и почит кон другите мислења и ставови.

Всушност со лицемерни и валкани игри позадигрб само ќе са уназади нашата позиција и нема да донесе ништо добро за сите нас. Тоа е суровата реалност пред се затоа што ИРУ , а исто и јас како нејзин претседател сме искрено, отворени, самокритични и пред се транспарентни кон сите оние кои ќе ни ја дадат раката за соработка.

Само така ќе можеме да ја гледаме „со отворени очи„ реалноста и да ги согледаме нодестатоците и сето она што не кочи во напредокот, - се вели во заклучокот од страна на претседателот на ИРУ Зоран Димов

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 110 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот