Во Среда на 5 август 2020 со почеток од 11 часот по средноевропско време Центарот за студии на Ромите и културните односи (CRSCR) од Индија ќе одржи Видео конференција .
Темата ќе биде размена и презентација на вредни размислувања и студии на тема, која опфаќа предизвици, како и напори во последните векови за интеграција на ромската заедница со главните општества и нивните социјално-економски состојби.
Меѓубројните учесници од целиот свет свое излагање ќе има и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, кој ќе ги презентира своите видувања. Инаку (CRSCR) е основан од Антар Рашрија Сахиго Паришад (АРСП) со поддршка на индискиот совет за културни односи (МЦЦР) , Таа спроведува истражувачки студии за различни аспекти на ромската заедница, како и да го прошири ангажманот со нив. Придржувајќи се на својата заложба, (CRSCR) редовно ги огласува активностите / конференциите со учество на меѓународни и индиски стипендисти. На оваа конференција меѓудругото ќе земат и други 8 меѓународни ромски научници, лидери, претставници на заедницата и активисти, како и индиски научници за ромски студии за академска сесија на конференцијата.