Како дел од Формот за малцински прашања „Образование, јазик и човекови права за малцинствата„ која се одржува во Палатата на Нациите во ОН Женева дел од свооето излагање и осврт имаше и Претседателот на ИРУ Зорна Димов.
Тој за време на форумот ја објасни улогата на донесената резолуција за формирање на Ромски Омбдусман – Контакт Поинт, како инструмент кој ќе придонесе за елеиминирање на дискриминацијата и поголемо почитување на Човековите права на една од најранливите и најмаргинализирани малцинства во светот – Ромската Нација.
Со профункционирање на оваа инстутиција сите тие елементи ќе придонесат за поголема опсервација на почитување на основните права на Ромите без разлика на кој дел од светот станува збор.
Со институционална соработка и почитување на активноста сите аномалии би можеле да бидат елиминирани или во најмала рака минимизирани, напомена претседателот на ИРУ Зоран Димов
Инаку за време на Форумот во Женева претседателот на ИРУ имаше и други важни средби со преставници од разни меѓународни институции и организации. Една од нив беше и средбата со преставникот од Сомалија г-дин Богор Ахмед Иман Кенг, со кого разменија многу корисни информации и сикуства од областа на Човековите права.