Проектот на ЗРДИЦМ „Педагошки помошник„ кој исто така е во тој контекст во соработка со МТСП во - Секторот за политика од областа на трудово право и политика за вработување, Центарот за стручно образование и обука од Скопје и Центарот за образование на возрасните започна и со своја медиумска промоција.
Се со таа цел во рамките на утринската програма на Телевизија Сител во рамките на програма „Ја сакам Македонија„ свое гостување имаше Претседателот на ЗРДИЦМ , Зоран Димов како о педагогот вклучена во овој проект Поликсена Илиоска.
За време на гостувањето и двајцата гости ја искажаа потребата од овој проект, како и крајната цел. Инаку за потсетување, започнаа и обуките на идните Педагошки помошници кој потоа кога ќе ја поминат 6 месечната обука ќе имаат и своја активност во неколку скопски училишта со деца од основното образование кој покажуваат понизок степен на совладување на училишниот материјал што е и крајната цел на проектот.