По добивање на ЕСОЅОС статус на ИРУ во ОН во јуни 2018 година, започна и процедурата на именување на членови на ИРУ во офисите на ОН во Њујорк, Женева и Виена.
Досега скоро сите наименувани членови на ИРУ беа регистрирани како преставници на ИРУ кои ќе учествуваат во работните сесии на ОН во периодот кој престои.
Исто така како нов преставник на ИРУ во офисот на ОН во виена и својата акредитација ја доби и Елизабета Шајн од Австрија, Виена. Таа е назначена да биде во офисот на ОН во Виена.
Инаку Шајн освен што е истакнат делегат на ИРУ, таа е исто така активна и на други полиња кои се тесно поврзани со ромскиот активизам.
Има завршено факултет за внатрешен дизајн. Истовремено е повеќе години и член на Ромската Партија која е дел од Интерпарламентарната ромска организација.
Елизабета Шајн течно говори Ромски, српски, германски, англиски и словачки јазик.