Се почестите инциденти и етничко насилство врз Ромите во Европа и пошироко ќе биде една од темите за кој ќе се расправа на 5-тата Парламентарна сесија на ИРУ во Скопје која ќе се одржи на 28 и 29 јуни во хотелот Континетал во Скопје.
Се поголемиот бран на етничко насилство, дискриминација и реторика со акцент кон Ромската заедница, како да стана секојдневие во денешницава. Сето тоа е потребно да се стави под некоја контрола и воедно да се подигне и прашањето, на кој начин може да се елиминира или пак да се намали таа нетолеранција и нетрпеливост кон ромската заедница.
Сведоци сме на повеќе настани како во минатото така и во сегашноста.
Темата е болна но сеуште е отворена. Европа и другите меѓународни институции е потребно ова прашање да се подигне на едно повисоко ниво, за да се најде негова разрешница.
По тој повод е и најавено покрај ИРУ делегатите и други гости пред се преставници од Амбасадите во нашата држава и други преставници од меѓународните организации се со цел отворено и транспарентно решавање на овие проблеми. Организаторот ИРУ се надева дека од овој настан ќе се извлечат позитивни моменти кои ќе треба да се реализираат во скорешно време како една од приоритетните задачи на самите учесници