За една деценија се очекува да блесне новот фудбалско име на светските терени , а тоа е единаесетгодишниот Ридван Селими, младиот фудбалер од школата „Форца“, кој е страв и трепет по левата страна на теренот.
Иако е сè уште дете, сепак ова мало момче размислува како искусен фудбалер.
Кога ќе излезам на терен, имам почит кон секој противник, но мене ме краси дриблингот, па затоа често знам да „ги изместам“ противниците од колосек, се пошегува малиот Ридван, па додаде:
Никогаш не ја гледам индивидуалната статистика, туку сакам тимот да победи. Фудбалот е игра каде што победува колективот, а не индивидуалците. Засега не размислувам во кој правец треба да се движи мојата кариера, одиме чекор по чекор, а патот сам ќе се отвора.
Навивам за ПСЖ бидејќи во него игра најдобриот фудбалер на денешницата, Лео Меси. Може да се каже дека претходно навивав за Барселона токму поради него, но сега сум за ПСЖ. Но, од друга страна кога би требал да изберам лига во која би сакал да настапувам, тоа би била Ла Лига или Премиер лигата, бидејќи се игра на едно повисоко ниво, ги има најдобрите клубови, додаде членот на „Форца“.