Јасмин Рамиќ попознат како „ Лавјо срце„ член е на Кик бокс клубот „Пантер„ од Бјелина, БиХ. Со својата храброст и совршена техника овој млад Ром од Бјелина ги освојува срцата на публиката.
Иако клубот „Пантер„ не е корисник на буџетските средства на градот Бјелина и функционира без спонзори, клубот вложува многу во кариерата на овој талентиран борец.
Низ кариерата Јасмин се борел во различни категории и ја има честа да се обиде како во боксот на аматерска основа така и во профи мечеви во K-1.
Тој напомена дека Кик боксот му го променил животот и дека имал и тешки моменти и помисла да го напушти спортот. И покрај тоа што имаше добри резултати, не можеше да живее од тој спорт. Започнал да се занимава и со земјоделство и во тие моменти помислил дека тоа е најдоброто решение за него.
По тригодишна пауза по наговор на тренерот Димотар Јовановиќ – Рокс, повторно влегува во ринг и се проаноѓа себе си.. Подготовките течеа полека и на првиот турнир го освоил првото место каде учествуваа и други сериозни борци.
Им покажа што занчи да се има ромско срце . Тој вели дека противниците не ги бира, но сите ги почитува и во борбите оди до крај. . Со оглед на условите кои ги има тој вели дека е презадоволен.
Како порака до младите Роми Јасмин вели дека тоа е образованието, зато што тој не се школувал.
Втората работа е да спортуваат и дека Ромите се многу талентирана нација.