Чудо невидено!!! Македонија од 30 мај до 7 јуни 2020 година ќе биде домаќин на СП во фудбал. Но оваа информација која на прв поглед е шокантна, треба да се прочита до крај. А тоа е дека на ова првенство ќе учествуваа земји кои не се признати од ООН, ФИФА или УЕФА, или пак посебни региони. Значи ова нема врска со ФФМ, па и со државата.
Натпреварите ќе се играат на Арената “Тодор Проески“која е комерцијален објект, и која може да ја изнајми кој сака.
КОНИФА или Конфедерација на независни фудбалски асоцијации – телото во кое се наоѓаат или членуваат репрезентациите. Токму затоа е контроверзно натпреварување. Се игра на секои две години, а последен победник е репрезентацијата на Карпатија, област во Украина која во финалето ја победи селекцијата на Северен Кипар.
На овие СП учествуваат селекциите на Крим, Абхазија, Јужна Осетија, селекцијата на Ромите, Курдистан, Тибет, Квебек, Занзибар, Западна Ерменија, Чемерија, Паданија Сомалиленд, Западна Сахара, Мапуче, Транскарпатија, Дарфур, Матабелилеланд, Кабилија и Каскадија.