Силвестер Сталоне му се заблагодари на Тајсон Фјури за враќањето на спомените од филмскиот серијал „Роки„ со акцент на облеката како Аполо Крид во Лас Вегас минатиот викенд.
Фјури 30, брилираше облечен како Аполо Крид во неговата победа над Том Шварц во Лас Вегас.
Британецот се обидува да ја орасположи Америка и направи добар почеток со излегување во шорцевите со ѕвезди и ленти како во филмот Роки, облечен во наметка и шапка.
Во вистински Роки стил, тој влезе во рингот со песната од Џејмс Браун "Живеење во Америка", каде во позадина имаше и танчерки во придружба.
Творецот и ѕвездата од филмскиот серијал „Роки„ Сталоне го пофали росмкиот боксерски крал на социјалните медиуми за неговата ексцентрична прошетка и настап на рингот
Сталоне рече: "Ви благодарам за неверојатен шампион филинг во реални услови, Тајсон Фјури!
"Тоа е толку неверојатно и пријатно да се види.Тоа беше одамна уште од 1985, мислев за жал заврши, но ова беше навистина неверојатно чувство"