Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Севиља, Арсенал и Атлетико Мадридго загуби животот во сообраќајна несреќа со својот автомобил.
Екс шпанскиот репрезентативец имаше 35 години и беше доста популарен меѓу фудбалските фанови. Познато е дека Рејес имаше ромски корени !
Тој се движел по автопатот A-376, потоа излетал од патот, а смртта била предизвикана од запалениот автомобил.
На само 16 години, Рејес дебитираше во дресот на Севиља. За 30 милиони во сезоната 2003/04 се пресели во Арсенал со кој ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд трофејот.
Се врати во родната Шпанија како позајмен фудбалер во Реал и беше еден од клучните играчи за освојувањето на трофејот во Примера. Потоа кариерата го однесе во Атлетико Мадрид и Бенфика, а заврши во Екстрамадура која ја спаси од испаѓање од Сегунда.
Несреќата се случила во неговиот роден град Утрера кој се наоѓа во Андалузија.