По покана од организаторот Есмас бенд имаше настап на Егзит и така ги потсетија сите верни фанови на легендарната Есма. Беше вечер посветена на Есма, ги исполнија сите долгогодишни хитови, кои никогаш нема да престанат да се слушаат. Како единствен женски вокал кој што го школуваше Есма, Елеонора Мустафовска блесна со нејзиниот глас, облечена во добро познатите шалвари на Есма кои и ги има подарено токму Есма. Браќата Нуне заедно со нивниот бенд направија вистинско ремек дело со новите аранжмани на "Зошто си ме мајко родила", "Романо хоро", "Мангава тут", "Чае шукарије" и многу други композиции кои што целата публика ги пееше заедно со нив. Овој настап беше уште еден поттик Симеон Атанасов да се бори за правдата да излезе на виделина и да го исполни аманетот на Есма и Стево Теодосиевски.