Книгата „ Питао сам малог пужа„ (книга посветена за Шабан Бајрамовиќ) од социологот и ромологот проф. Д-р. Драгољуба Б. Ѓорѓевиќ од Ниш беше преставена пред скоро 2 години.
Авторот се труди социолошки да го дефинириа феноменто на Шабан Бајрамовиќ на оргинален начин - творејќи речник на поими, потпрен од архаизми и локализми.
Одамна ние се согласивме дека нишкиот јунак е вашарлија, кафанчерос, голооточеник, барбуташ, женољубеник, ѓузлуклија, кукулелек и филмаџија.
Шабан Бајрамовиќ исто етикетиран е и како добропамтило, домаќин, одважен, помагател, српски Ром и патриот, но не беше парољубец, циција и никогаш не беше ниту ромски жиголо, акцентира Ѓорѓевиќ.
Авторот вели дека книгата “Питао сам малог пужа” го мотивирал посветениот есеј од британскиот колумнист Гарт Картрајт насловен како “Шабан Бајрамовиќ - трошаџија на животот”.
Судбината на Бајрамовиќ беше да направи нешто за себе, за нас и воопшто за музиката. Тој повеќе беше ценет во странство отколку кај нас.
Шабан мораше , како што истакнува Ѓорѓевиќ да како дете се снаоѓа за корка леб, и да биде амал и молер.
- Негово беше како војник да дезертира, за ништо да отиде на Голи Оток, со Алија Изетбеговиќ да крши камења, да научи да пее и да свира на контрабас,, негово беше да ја отпее „ Заробен сум„ и да биде на 12 место на светкста листа во 1965 года.
Да компонира 700 песни, да настапува насекаде низ светот освен во Австралија, да биде на престижната листа на „Time” и да беде прогласен за крал на ромската музика„ нагласи Ѓорѓевиќ.