Мајсторот на труба Бобан Марковиќ кој е родум опд Владичин Хан оваа година за прв пат организира Музички фестивал „Бобан Фест„ кој ќе се одржи на 28 август на сцената на СРЦ „Куњак„
Организатор на фестивалот 3 : Здтжението „Чувари на трубата на Бобан Марковиќ„ . Покровител е општината Владичин Хан.
„На иницијатива од Бобан Марковиќ кој на музичката сцена е над 30 години , се одлучивме да се организира фестивал со светска музика. Желбата на Бобан беше своето искуство и контакти да ги стави во служба на фестивалот за да може неговиот роден град од југот на Србија да ги донесе своите колеги музичари како од Србија така и од Европа. Фестивалот има амбиции да стане традиционален и да ги рпошири своите активности со музички работилници„ , напоменаа од Здружението „Чувари на трубата на Бобан Марковиќ„
Основната мисија на фестивалот е на публиката од југот на Србија да и се престави најквалитетната музичка сцена во жанрот на светската музика. Желбата на организаторот е на сите љубители на музиката, трубата, колегите музичари од Србија и регионот да ги угостат во градот на трубата - Владичин Хан.
На прашање до Бобан Марковиќ зошто фестивалот се организира токму во Владичин Хан тој напомена:
„Затоа што сум тука пред своите како и на светските фестивали, и публиката ужива во моето музицирање, но Владичин Хан не би го менувал ниту за едно место во светот. Тука се сите тие кои ми се најважни во мојот живот , тука започнав и би сакал исто тука да ја завршам мојата животна и професионална приказна„ , вели Бобан Марковиќ