Обичаите кои се почитуваат за време на погреби варираат од поднебје до поднебје, но оној кој е забележан во Сомбор, може да се окракатеризира како еден од најнеобичните.
На ФБ беше објавено видео од погребот на извесна Ката, која беше испратена во својот вечен дом со трубачи, песни, игри и скокање околу ковчегот.
Реакциите беа поделени, а се огласи и оркестарот кој беше ангажиран за овој погреб.
„Не повикаа и ние дојдовме, кај унгарските Роми, ова е обичај. Ние дојдовме си ја завршивме работата и тоа беше тоа„
Веднаш се поведе дискусија и полемика во врска со овој настан на ФБ, без разлика дали е тоа некој обичај или пак желба на самиот покојник.
-Мислиме дека нема врска со нацијата дали е Ром или Србин, најверојатно доа била последна желба на покојникот да биде испратена со музика, и желба или аманет секој може да остави , и не е потребно навредување на национална основа. велат дел од коментарите на ФБ.
Други коментари беа со хумор како например: - Кога ќе умрам и мене вака да ме испратите. Журка музика. Само немојте врз ковчегот да седите, за да не ме занесе атмосферата па ќе станам.