Колумна на Зоран Димов: „Програмата Педагошки помошници, истата има потреба да добие соодветна државна поддршка„

Со оглед на позитивните и добредојдени промени во воспитно-образовниот систем во основното образование во Република Северна Македонија, а свесни за моментот за унапредување на воспитно-образовниот систем за најмалите и за нашата иднина – децата, до Министерството за Образование - МОН и други релевантни институции би било добро да подразмислат за следново:

Програмата “Педагошки помошник за ученици во основно образование” како дел од посебната програма за образование за возрасни и сертификувана од ЦОВ (Центар за Образование за Возрасни) а спроведувана од институцијата – “Здружение Ромски деловен информативен центар во Македонија – Скопје” водена од стручни професионалци со истакнати резултати во работата (Педагог и Психолог), претставува професионална и стручна програма со цел пружање помош на ученици од основното образование на територијата на целата држава. Програмата е детално теоретски и практично разработена врз основа на сите неопходни воспитно-образовни основи а со цел обука и создавање професионални педагошки помошници за пружање помош на ученици од основното образование од повеќе аспекти: помагање на учениците за успешна работа во насока на пружање помош и поучување на ученици во основно образование за совладување на училишното градиво како и за запишување на ученици во основно образование, односно продолжување на нивното школување. Програмата содржи  вкупно  200 часови и се реализира за време од 4 месеци. Преку темите предвидени за оваа програма, кандидатите стекнаа/уваат вештини за организирање на сопствената работа, за пружање на помош на учениците за совладување на училишното градиво преку правилна и целисходно избрана стратегија на поучување и стил на учење, во зависност од можностите на ученикот. Кандидатите се стекнаа/уваат со способности за јакнење на самодовербата на учениците и мотивирање на ученикот и родител/старател за напредување во образованието.  Воедно, кандидатите се обучени да остваруваат позитивна комуникација со родителите/старателите и со училиштето, како и со локалната заедница, со што се допринесе за подобра соработка на релација училиште – родител/старател. Кандидатите се оспособени за евидентирање и документирање на напредокот на ученикот.

Со оглед на тоа дека оваа професионална програма која ги задоволува сите професионални стандарди и е веќе поддржана од државните одговорни органи и зад себе има обучено неколку десетини педагошки помошници, истата има потреба да добие соодветна државна поддршка со цел унапредување на квалитетот на основното образование, особено за учениците кои имаат потешкотии во учењето, припаѓаат на ранливите категории и/или имаат потреба од стручна педагошко-психолошка помош и поддршка. Би сакале да предложиме да биде разгледана а потоа и прифатена како дел од инситутционалниот систем со соодветната поддршка од институциите. Со добивањето на вашата поддршка, овој професионален профил кој е исклучително значаен ќе го најде своето место и ќе придонесе кон зајакнување на образовниот систем а со тоа ќе отвори и можности за работен одржлив ангажман на кандидатите кои веќе се стекнаа со сертификат и оние кои допрва ќе ја поминат обуката. Секако, најважниот придонес на овој профил е за доброто на учениците и развојот на основното образование во нашата држава. Со добивањето на неопходната институционална поддршка, овој професионален профил ќе го подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес и ќе ги надополни неопходните и позитивни промени во основното образование кои веќе ги промовирате.

Би сакал да ги нагласам неколкуте членови од Законот за Основно образование кои се директно поврзани со целната група на која се однесува нашето барање:

- Член 3

Секое дете има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование во основно училиште.

-  Член 4

Основното образование се развива врз основа на следните начела: - најдобар интерес и целосен развој на ученикот, - еднаквост, достапност, пристапност и инклузивност, - општообразовен карактер на основното образование, - обезбедување на квалитет на образованието и меѓународна споредливост на знаењата на учениците, - активно учество на учениците во животот на училиштето и заедницата, - подготвување на ученикот за доживотно учење, - унапредување на сличностите и прифаќање на различностите, интеркултурност, мултикултурализам, интеркултурализам и мултикултурност, - грижа за физичка безбедност и здравје, - автономност, компетентност и одговорност и - партнерство помеѓу училиштето, родителите, односно старателите и единиците на локалната самоуправа.

- Член 11

(1) Основното образование е институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој поддржува инклузија на сите деца во редовното основно образование.

(2) Инклузивното образование е процес кој ги зема предвид различните индивидуални потреби за развој на учениците, давајќи еднакви можности за остварување на основните човекови права за развој и квалитетно образование.

(3) Инклузивното образование од ставот (2) на овој член, вклучува промени и прилагодувања на наставната содржина, пристапот, структурите и стратегиите, за учениците со попреченост, со заедничка визија и убедување дека државата има обврска да обезбеди образование за сите деца.

(4) Инклузијата на сите деца во редовното основно образование се дефинира со Концепција за инклузивно образование, која ја донесува министерот на предлог на Бирото и истата се објавува на интернет страниците на Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: Министерството) и Бирото.

(5) Инфраструктурата, индивудуализираната поддршка, наставниот план и програма во основното образование, се разумно прилагодени според индивидуалните потреби на ученикот.

(6) Разумно прилагодување од ставот (5) на овој член, претставува изменување и приспособување на условите за воспитание и образование во одреден случај, што не предизвикува несразмерно или непотребно оптоварување на училиштето, а е со цел обезбедување на уживањето или остварувањето на сите човекови права и слободи на учениците со попреченост на еднаква основа со другите.

(7) Пристапност до инфраструктурата и услугите подразбира преземање мерки кои осигуруваат дека учениците со попреченост имаат пристап, на еднаква основа со другите, до физичкото опкружување, транспортот, информациите и комуникацијата, вклучувајќи информатички и комуникациски технологии и системи во основното училиште.

Би било добро сериозно да се разгледа оваа можност со надеж дека се најде начин овој долго очекуван и неопходен профил во основното образование – Педагошки помошник во основното образование, да помогнете да се вклопи во институционалниот систем со соодветната поддршка.

Тука сме зз  евентуална потреба и сугестија да се дополни и унапреди програмата а ја сметате за неопходна, и Ви стоиме на располагање.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 208 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот