Новоформирана страница на Фејсбук, наречена „Транспортна карта на град Скопје“ на граѓаните им нуди можност до крајот на месецов да си купат картичка „скопска“ и за тоа да добијат бесплатен превоз една година. Дека станува збор за измама или за невкусна шега е повеќе од јасно, а тоа го потврдија и од ЈСП „Скопје.
Од ЈСП соопштија дека измамата веќе е пријавена во МВР. ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Транспортна карта на град Скопје“, која не е поврзана со ЈСП Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП, се вели во нивното соопштение